| ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на наград |
|
Наградата”Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлози за наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ. Предлогот треба да содржи: куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Во листата на референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги и награди и признанија. Рокот за поднесување на предлозите трае 90 дена од денот на распишувањето. Согласно цл.7 од Правилникот за доделуванје на наградата, пристигнатите предлози ке бидат разгледани од петчлена Комисија, избрана од Управниот одбор (УО) на ААМ во првата недела на месец јули. Еден член во Комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”. Наградата “Андреја Дамјанов” на лауреатот му ја предава Претседателот на УО на ААМ, на пригодна свеченост во првата недела на месец октомври, а името на добитникот на наградата “Андреја Дамјанов” се објавува во јавните гласила каде што е објавен Јавниот повик. Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов”, согласно чл. 39 од Статутот на ААМ, станува член на Архитектонската академија на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул.Даме Груев 14а во Скопје, секој работен ден од 9:00 до 15:00 цасот. Телефон за информации е 02/3237 277. |