БИМАС |
БИМАС - БИЕНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА е воспоставено како врвна манифестација од републички ранг што години наназад и со примерен успех ја организира ААМ со цел на најрепрезентативен начин да се презентира двегодишна продукција на македонските архитекти, секогаш пропратена низ врвен дострал на дискурс во разгледот на актуелните случувања на полето на архитектурата, архитектонската мисла и творење. Врз основа на претходниот став и врз основа на заложбите согласно Чл. 37, став 1 од Статутот, БИМАС се класифицира во редот на Институциите на ААМ и согласно овој Статут се организира со посебен Правилник во кого се вградени мерила и критериуми врз основа на кои што оваа манифестација треба да се одржи и надградува како трајна вредност со која материјално и интелектуално ќе се регистрира развојот и достигањата на македонската архитектура. Правилникот за организирање на БИМАС го предлага Управнит одбор на ААМ, поранешните претседатели на организационите одбори на БИМАС. Претседатели на СДАМ и САМ и видни поединци - архитекти во Р. Македонија а го усвојува Собранието на ААМ во се според одредбите од Чл. 47 од Статутот. Во рамките на БИМАС а преку Советот за доделување на награди на ААМ за архитектура и вонредни достигање во полето на архитектурата се доделува "Гран-при" главна награда на Биеналето на Македонската архитектура за најуспешно реализирано авторско архитектонско дело во конкуренција на двогодишната продукција на македонските архитекти. |