AAM

It is better to be good than to be original.

Ludwig Mies van der Rohe

На почеток
За Андреја Дамјанов и неговото дело

Од историјата на Осоговскиот манастир

...На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 год. започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски. Во 1851 год. таа е завршена и осветена. Изградбата била доверена на протомајсторот Андреј Дамјанов (1817-1878), по потекло од родот на Рензовци, најпрочуениот градител на Балканот од почетокот на XIX век...   прочитај го целиот текст

За црквата Успение на Св. Богородица

...Меѓу многубројните дела на прочуениот градител Андреј Дамјанов, црквата Успение на Св. Богородица во Ново Село Штип чија изградба била отпочната во 1836 година и завршена во 1850 година, зазема едно од најзначајните места. Изградeна во непосредна близина на устието на реката Отиња во Брегалница, црквата претставува најмаркантен објект изграден не само во Ново Село и градот Штип, туку и во овој дел од Источна Македонија... (од веб страната на Општина Штип)

За катедралната црква Св. Богородица

...Овој храм беше изграден во далечната 1835 година, од мијачкото градителско, фреско-иконописно, резбарско-копаничарско семејство Рензовци - од тајфата на големиот градител, иконописец, резбар Андреј Дамјанов, заедно со неговите тројца браќа: Ѓорѓе; Коста и Никола. Тоа се синови на Дамјан, од прочуената фамилија Рензовци, подоцна Зографски, од мијачко Тресонче, и исто така генијални и еднакви на својот брат Андреја, во иконопиството, фрескопиството, резбарството и во градителството...   прочитај го целиот текст

 

Коментирај!