ААМ |
ААМ - АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА е основана во 1954 година во Скопје како Сојуз на друштва на архитекти на Македонија (СДАМ). Од 1980 - 1999 работи како Сојуз на Архитекти на Македонија (САМ) ,а од 1999 година како Асоцијација на Архитекти на Македонија (ААМ). Асоцијацијата денеска опфаќа 850 членови архитекти кои делуваат на полето на архитектурата, урбанизмот, градежништвото, ентериер и дизајн. Асоцијацијата на Архитекти на Македонија е членка на Меѓународната Унија на Архитекти (UIA),членка на втората регија на УИА и членка на Архитектонскиот Совет за централна и источна Европа (АССЕЕ). Нашата мисија: Асоцијацијата на архитекти на Македонија е гласот на архитектонската професија и изворот на ресурси за сите свои членови. Нашата визија: Асоцијацијата на архитекти на Македонија постои за да ја унапреди архитектурата и да промовира квалитет во професионалната пракса. Секојдневно придонесуваме вредност на нашите членови. Во рамките на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија делува и Архитектонска Академија во која членуваат десет највидни архитекти - доајени на македонската архитектура. Членовите на Академијата се добитници на наградата за животното дело и за особени достигања на полето на архитектурата, "Андреја Дамјанов". ААМ е организатор на Биеналето на Македонската Архитектура -БИМАС, кое е воспоставено во 1981 година и на кое се презентира двогодишната продукција на македонските архитекти. Асоцијацијата доделува награди за реализирани објекти во тековната година како и за животно дело и особени достигања на полето на архитектурата. |