AAM

If a building becomes architecture, then it is art.

Arne Jacobsen

На почеток

ААМ - АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА е основана во 1954 година во Скопје како  Сојуз на друштва на архитекти на Македонија (СДАМ). Од 1980 - 1999 работи како  Сојуз на Архитекти на Македонија (САМ) ,а од 1999 година како  Асоцијација на Архитекти на Македонија (ААМ).

Асоцијацијата денеска опфаќа 850 членови архитекти кои делуваат на полето на архитектурата, урбанизмот, градежништвото, ентериер и дизајн.

Асоцијацијата на Архитекти на Македонија е членка на Меѓународната Унија на Архитекти (UIA),членка на втората регија на УИА и членка на Архитектонскиот Совет за централна и источна Европа (АССЕЕ).

Нашата мисија: Асоцијацијата на архитекти на Македонија е гласот на архитектонската професија и изворот на ресурси за сите свои членови.

Нашата визија: Асоцијацијата на архитекти на Македонија постои за да ја унапреди архитектурата и да промовира квалитет во професионалната пракса. Секојдневно придонесуваме вредност на нашите членови. 

Веб линкови кон странски и домашни организации и асоцијации.

Во рамките на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија делува и Архитектонска Академија во која членуваат десет највидни архитекти - доајени на македонската архитектура. Членовите на Академијата се добитници на наградата за животното дело и за особени достигања на полето на архитектурата, "Андреја Дамјанов".

Повеќе за Архитектонската Академија.

ААМ е организатор на Биеналето на Македонската Архитектура -БИМАС, кое е воспоставено во 1981 година и на кое се презентира двогодишната продукција на македонските архитекти.

За БИМАС можете да се информирате тука.

Асоцијацијата доделува награди за реализирани објекти во тековната година како и за животно дело и особени достигања на полето на архитектурата.

За наградите кои ги доделува ААМ.

 

Коментирај!