Награди | Награди |
|
Советот за доделување на награди на ААМ за архитектура и вонредни достигања на полето на архитектурата се грижи за одржувањето на рангот, квалитетот и нивото на наградите што ги доделува ААМ и тоа: Андреја ДамјановНаграда за животно дело од областа на архитектурата и градежништвото. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска академија на ААМ..... (каталози за превземање од претходни години). Гран приГлавна награда на Биеналето на Македонската архитектура за најуспешно реализирано авторско архитектонско дело во конкуренција на двогодишната продукција на македонските архитекти. Голема годишна награда на ААМСе доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во текот на тековната календарска година. Оваа награда свечено и со сите почести му се доделува на лауреатот на крајот на годината. Покровителот на наградата е Претседателот на Република Македонија. Спонзор на наградата е Македонска авторска агенција (МАА). Список на добитници на Големата годишна награда за архитектура:
Награди и специјални признанија на ААМСвечено се доделуваат во посебни пригоди или на јубилејни манифестации на ААМ. Советот за доделување на награди на ААМ за архитектура се грижи за одржување и унапредување на рангот, нивото и квалитетот на овие награди и се состои од петчлена комисија во која по функција членуваат Претседателот на Управниот одбор. Претседателот на Архитектонската Академија и тројца членови на Советот за архитектура на ААМ. |