|
Архитектонската Академија на ААМ е институција во која што членуваат архитекти-добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителските вештини "Андреја Дамјанов" што се доделува еднаш годишно или видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати и придонеле за афирмација на архитектурата, како во Р. Македонија така и во меѓународни рамки.
Во Архитектонската Академија на ААМ можат да бидат избрани или именувани и почесни членови, видни архитекти и поединци или членовина слични институции во земјата и странство.
Процедурата за избор на Член-академик се реализира со одредници во Правилникот за работа на Архитектонската академија на ААМ изготвен врз основа на поширока размена на мислења и предлози од страна на членовите на Академијата. Советот на Архитектура и Управниот одбор на ААМ. Правилникот го усвојува Собранието на ААМ.
Членови и лауреати на Архитектонската Академија.
|