|
Советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје распишува ЈАВЕН ОГЛАС-КОНКУРС
за пополнување односно прием во работен однос на еден Помлад Асистент за работно место Истражувач на народната архитектура. Покрај општите услови предвидени со Законот , кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: - Архитектонски факултет и знаење на еден светски јазик
- Просечен успех од студиите најмалку 8 и да покажува способност за научни истражувања.
Приемот и изборот ќе се врши во согласност со критериумите од Законот за научна и истражувачка дејност(Сл.весник бр.13/6).Молбите со потребните документи: диплома, кратка биографија , евентуално трудови и по еден примерок од секој труд треба да се достават до Институт за фолклор „ Марко Цепенков“ - Скопје , ул. Рузвелтова бр.3 .Рокот за поднесување е 10 дена од денот на објавување во печатените медиуми. Некомплетни документи и документи доставени по истекот на рокот нема да се земаат во предвид. |
|
|