AAM

Architecture is the learned game, correct and magnificent, of forms assembled in the light.

Le Corbusier

На почеток arrow Новости
Новости
ПРИЈАВУВАЊЕ за ТОРИНО 2008

Рок за пријавување пролонгиран до (со) 3 Мај 2008 (сабота)

ААМ како членка на УИА во периодот од 29 Јуни до 3 Јули 2008, ја претставува Р Македонија на 23 Светски конгрес на архитектура во ТОРИНО - ИТАЛИЈА. Патувањето го организира туристичката агенција ДИПЛОМАТИК.


Превземи програма.


ПРИЈАВУВАЊЕТО СЕ ВРШИ ВО ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА, 02/3131 348 02/3128 544. За сите информации обратете се директно во туристичката агенција или во Канцеларија на ААМ.

 
ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на наград

Наградата”Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

Право на поднесување на предлози за наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ.

прочитај повеќе...
 
Известување

Во среда на 16.04.2008г. во 12:00 часот во просторот на Културно информативниот центар (КИЦ) - Скопје ќе биде отворена изложбата со конкурсните трудови од Меѓународниот конкурс „Спомен куќа на Тодор Проевски “ во Крушево.

 

 
ИЗВЕСТУВАЊЕ

gtc.gifНа 15.04.2008г (вторник) во 20:00 часот , во фоаје на кино Милениум ке биде отворена изложба со конкурсните трудови од Меѓународен Конкурс – Дооформување и доградба на ГТЦ , и ќе трае до 25.04.2008.

(Просторот за посетители ќе биде отворен во периодот од 10:00-22:00ч)

Превземи извештај за награди

Превземи слики од првонаградениот труд

 
БИМАС 2008

Со особена чест и задоволство, Ве покануваме на свеченото отварање на XIV Биенале на Македонска архитектура во Музеј на град Скопје 14 Март (петок) 2008 со почеток во 20:00 часот.

Преземи програма БИМАС 2008



 
Известување за КИ

Почитувани колеги,

Во рамките на проектот Мапирање на креативните индустрии, кои го води Министерството за култура со поддршка на Британскиот Совет, се мапираат (евидентираат) дејности кои во своите активности содржат креативен труд. Природно, тука спаѓа архитектурата. Крајната цел на ова мапирање е да се открие и да и се прикаже на јавноста и економскиот потенцијал кој во себе го содржат креативните индустрии. Со ова, се надеваме на понатамошно поорганизирано лобирање во општествените структури за подобра позиција и повисоки стандарди на архитектонската фела.

Затоа Ве молиме најсериозно пополнете го прашалникот (со x во квадратчето до одбраната солуција) којшто може да го превземете тука и вратете го на е-маил : Оваа email адреса е заштитена од спам-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете или на факс 02/ 3298 – 952. За дополнителни информации можете да ја контактирате канцеларијата на истражувачкиот проект во Британскиот Совет 3135 035 локал 113 (од 12.00 до 14.00 цасот) или на телефонот: Владо Анцев 075 806 935 (асистент на истражувачкиот проект).

 
Известување

15.01.2008
Пролонгиран е датумот за пријавување на 14 БИМАС 2008. Tрудовите можат да се испратат заклучно до вторник 15,01,2008г. Тука може да ја погледнете процедурата на доставувањето.

 
Доделена Големата годишна награда 2007

plaketa1_ggn_2007.jpg

Добитник на Големата Годишна награда на ААМ за 2007г. е авторот Миле Пауновски, со реализираното архитектонско дело „Деловен Центар Штрк“ на ул.8 Ударна Бригада , во Скопје. Оваа одлука, едногласно ја донесе жирито во состав :Радомир Лаловиќ - претседател и воедно член на Архитектонска академија , Македонка Чаушевска, Мартин Гулевски , Марјан Димески и Димитар Папастеревски. На пригодната свеченост која се одржа во Музеј на град Скопје, плакетата на авторот му ја додели Претседателот на Р Македонија г. Бранко Црвенковски , а паричниот дел , директорот на Македонската авторска агенција (МАА) Нина Даскалова Старделова. Во текот на свеченоста истовремено беа прикажани и селектираните дела.

 
„Помеѓу системите“, Идис Турато

На 20.12.2007 (четврток) во 19.00 часот во Мала Станица-Скопје ќе се одржи предавање на хрватскиот архитект Идис Турато. Тема „Помеѓу системите“.

На 19.12.2007 (среда) во 12.00 часот во Национална и Универзитетска библиотека се одржа Тематската изложба на архитек Петар Муличковски.

 
Јубилеј - Оскар Нимаер

oscar_niemeyer-catedral_de_brasilia.jpgОваа година ширум светот се одбележува еден многу значаен јубилеј на модерната архитектура - 100 години од животот на големиот мајстор на модерната архитектура Оскар Нимаер, 75 години од неговото маркантно творештво  и половина век од создавањето на најзначајните објекти во Бразилија како нов главен град на Бразил.

По тој повод на Архитектонски факултет во Скопје е поставена изложба од проекти на Оскар Нимаер , а во вторник 18 декември со почеток во 19:00 часот , проф. Д-р Миахил Токарев ќе одржи беседа за творештвото на последниот жив мајстор на модерната.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 16

Коментирај!