AAM

На почеток arrow ААМ arrow Комисии, Ад хок комитети
Комисии, Ад хок комитети
Совет на архитектура на ААМ

СОВЕТОТ НА АРХИТЕКТУРА НА ААМ го чинат 12-15 повремени или стални членови, видни долгогодишни активисти и афирмирани дејци на полето на архитектурата, јавниот и културен живот во Р. Македонија.

Листата со можни членови на Советот на ААМ ја предлага Претседателот и истата на прифаќа и утврдува со посебна писмена одлука Управниот одбор. 

Листата со членовите на Архитектонскиот Совет може да се дополнува или ажурира по потреба или во услови кога тоа е неопходно. 

Оваа институција има исклучително советодавна улога која по потреба или според сопствено убедување ја свикува Претседателот на ААМ со цел да изврши одредени консултации за битни прашања од интерес на ААМ. 

Архитектонскиот Совет на ААМ нема изборен мандат нити постојан состав, неговата работа нема јавен карактер и е во функција на независно советодавно тело на ААМ.

 
Суд на честа

СУДОТ НА ЧЕСТА НА ААМ е стална иституција што ја чинат пет членови избрани со тајно гласање врз основа на по пет предлози доставени од пет членови на Управниот одбор (Претседателот, Подпретседателот и три Членови - координатори), на Претседателот на Архитектонската академија и на еден независен претставник од архитектонската практика.

Во судот на честа делуваат:
  • Томе Тимов
  • Трајко Димитров
  • Горан Мичковски
  • Александар Џартовски

Процедурата со предлог за верификација на листата на избраните членови на Судот на честа согласни претходниот став ја води Членот-координатор на Управниот одбор што го води ресорот на Институциите на ААМ (Чл.34, точка 2) кој нема право на сопствен предлог.

По увидот во бројот на добиените гласови, Членот-координаторот за резултатите во писмена форма го известува Управниот одбор, лично членовите на Судот на честа кој добиле најмногу гласови и ја верификува нивната лична согласност.

Во случај на недавање на лична согласност местото на предлог-листата на членови на Судот на честа се пополнува со наредниот член од листата со најмногу добиени гласови согласно став 1 од овој Член.

Верификацијата на листата на членовите на Судот на честа се врши на конференција на Собранието на ААМ со мнозинство на гласови од присутните претставници-електори.

Поединечна писмена одлука за секој од верификуваните членови на Судот на честа потпишува претседателот на Управниот одбор.

Мандатот на членовите на Судот на честа на ААМ трае четири години со можност за избор во уште еден мандат.

 
Комисии

Стручна комисија

  • Доменика Бошкова
  • Радомир Лаловиќ
  • Павле Петрушев
  • Кирил Христов
  • Тамара Михајлова

Комисија за архитектонска практика

  • Фросина Зафировска
  • Ленка Маневска
  • Сања Рагеновиќ
  • Весна Кондева

Комисија за нормативни акти

  • проф. Д-р Мирослав Грчев
  • проф. Д-р Тихомир Стојков
  • Благородна Грозданова Грчева
  • Лидија Христовска
  • Лилјана Дубровска
  • Владимир Пота

Комисија за информирање

  • Виолета Ристова
  • Корнелија Коневска
  • Мишко Ралев

Комисија за финансиски надзор

  • Бошко Сребриновски
  • Јанко Карапанчевски
  • Сашо Блажевски