AAM

На почеток arrow Конкурси
Конкурси
Конкурс во Загреб

Во организација на Друштвото на хрватските архитекти распишан е конкурс за Идејно урбанистичко-архитектонско решение за уредување на Каптол- Загреб. Рок за предавање на трудовите е 1.07.2008г. Котизацијата за регистрирање изнесува 50 € .

Превземи објава

 
Конкурс во Дубаи

Меѓународниот конкурс за „ Висока структура - обележје “ во паркот Za’abeel, за промоција на новото лице на Дубаи , распишан е според УИА- УНЕСКО регулативи , без котизација за регистрирање . Првата награда изнесува 100000$ . Дел од членовите на еминентното жири се и Zaha Hadid, Alfonso Vegara, Cino Zucchi.

Превземи објава од УИА

 
Конкурс за изработка на идејно решение

Јавна установа Национален парк Пелистер-Битола, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) при Амбасадата на Швајцарската Федерација во Скопје распишуваат конкурс за

ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
ЗА РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР НА ЛОКАЛИТЕТОТ
“ГОЛЕМА ЛИВАДА” НП ПЕЛИСТЕР-Битола

Конкурсот се распишува согласно условите за планирање на просторот за изработка на камп на локалитетот “ГОЛЕМА ЛИВАДА”, кои произлегуваат од просторниот план на Р.Македонија со тхе. бр. 032/07 од Март 2007г.

Потребната документација може да се подигне во дирекција на Јавна установа Национален парк Пелистер на адреса „29ти Ноември“ бр. 14 Битола, од 25.12.2007 до 25.02.2007 година.

 
Светски конгрес на архитекти Торино

Во рамките на Светскиот конгрес на архитектите кој ќе се одржи во Торино 29јуни-3јули 2008, се распишани два конкурси: 

1. за архитекти до 35 год.

инфо поинт- куќа за архитектура ( околу 100м2) , од еколошки материјали, опремена со комуникациски технологии за повеке инфо http://www.infopoint.uia2008torino.org

напомена: учеството е без котизација , прва награда е 10000 еуро

2.студентски конкурс  за тотем

архитектонски објект за комуникација и информација и размена, кој ќе бидат сместени, во три контексти - сиромаштија, екологија и метропола за повеќе инфо на http://www.totem.uia2008torino.org

напомена : учеството е без котизација,  прва награда е 3000 еуро

 
КОНКУРС: Спомен куќа на ТОШЕ ПРОЕСКИ

Превземете ја објавата на македонски и англиски .

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 5 од 6