|
На 23 Светски архитектонски конгрес во Торино , Македонија се претстави претстави со изложбата Македонска современа архитектура - реоткриена , на авторите Александар Радевски , Мартин Пановски и Владимир Десков , фотографија - Дамјан Момировски и Митко Доновски , благодарение на подршката од Град Скопје и Министерство за култура на Република Македонија. Исто така Македонија учествуваше и на 24 Изборно собрание на Меѓународната унија на архитектите(UIA) ,како редовна членка , со делегатите Радевски Кристинка ,член на УО на ААМ и Драган Стојановски,претходен Претседател на ААМ. превземи изложба |
|
|
Во организација на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија. гостин во Р. Македонија во период од 15-21 Јуни, 2008. ќе биде Деканот на факултетот за пејзажна архитектура и планирање , проф. Фредерик Штајнер од универзитетот Остин во Тексас, САД ,кој покрај другите активности ќе одржи предавање на на Архитектонскиот Факултет во Скопје во четврток, 19 Јуни во 10:30 до 12:00 часот.
превземи програма |
|
прочитај повеќе...
|
|
|
Форум Скопје е културен, мултидисциплинарен проект на архитектот Иван Мирковски, во соработка со Техничкиот Универзитет од Виена, Австриската Амбасада во Скопје, Музејот на град Скопје, Кинотеката на Р. Македонија, Републичкиот архив на Македонија како и индивидуални архитекти и уметници: проф. Др. Ерих Рајт, Дипл.Инг. Арх. – декан на Институтот за Урбанизам на Техничкиот Универзитет во Виена, Сергеј Никољски - Диа, и др.
превземи програма |
|
прочитај повеќе...
|
|
|
Летна академија за визуелни уметности |
Хуманополис - агенција за развој на претприемачки потенцијали/ ЕРА Словенија во соработка со University American college- факултет за архитектура и дизајн, организираат “Летна академија за визуелни уметности- под наслов “ ХУМАНОПОЛИС АРС” , во периодот од 2-20 Јули 2008 во Охрид, краен рок за пријавување е 15 Јуни 2008.
Теми: Лицето и меморијата на Градот ,Функционални и нефункционално и Landmark & Lakemark
Предавачи : Dr. Rolf Külz Mackenzie , Јован Балов ,Prof. Bernhard Garbert ,проф. Д-р Кокан Грчев, Christiano Lepratti & Vera Martinez и Билјана Стефановска, Christiano Lepratti & Vera Martinez и Билјана Стефановска повеќе информации на : http://www.humanopolis.com.mk/e_Sava.htm |
|
 Инженерски прстен Инженерската инститиција на Македонија ,чијашто редовна членка е ААМ , започнувајќи од 2004год. а под Покровителство на Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски доделува ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на најдобрите дипломирани студенти на инженерските факултети.
Годинешново доделување ќе се одржи на 4 Јуни 2008год. (среда) во 12:00 часот на платото пред црквата Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид.
Превземи покана со програма |
|
|
|