AAM

It is better to be good than to be original.

Ludwig Mies van der Rohe

Конкурс во Загреб

Во организација на Друштвото на хрватските архитекти распишан е конкурс за Идејно урбанистичко-архитектонско решение за уредување на Каптол- Загреб. Рок за предавање на трудовите е 1.07.2008г. Котизацијата за регистрирање изнесува 50 € .

Превземи објава

 
Конкурс во Дубаи

Меѓународниот конкурс за „ Висока структура - обележје “ во паркот Za’abeel, за промоција на новото лице на Дубаи , распишан е според УИА- УНЕСКО регулативи , без котизација за регистрирање . Првата награда изнесува 100000$ . Дел од членовите на еминентното жири се и Zaha Hadid, Alfonso Vegara, Cino Zucchi.

Превземи објава од УИА

 
ПРИЈАВУВАЊЕ за ТОРИНО 2008

Рок за пријавување пролонгиран до (со) 3 Мај 2008 (сабота)

ААМ како членка на УИА во периодот од 29 Јуни до 3 Јули 2008, ја претставува Р Македонија на 23 Светски конгрес на архитектура во ТОРИНО - ИТАЛИЈА. Патувањето го организира туристичката агенција ДИПЛОМАТИК.


Превземи програма.


ПРИЈАВУВАЊЕТО СЕ ВРШИ ВО ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА, 02/3131 348 02/3128 544. За сите информации обратете се директно во туристичката агенција или во Канцеларија на ААМ.

 
ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на наград

Наградата”Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

Право на поднесување на предлози за наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ.

прочитај повеќе...
 
Известување

Во среда на 16.04.2008г. во 12:00 часот во просторот на Културно информативниот центар (КИЦ) - Скопје ќе биде отворена изложбата со конкурсните трудови од Меѓународниот конкурс „Спомен куќа на Тодор Проевски “ во Крушево.

 

 

Коментирај!